Оваа торта ја направив по повод роденденот на мојот татко.
Торта која едноставно се топи во уста, торта за вистински гурмани.
Јас секогаш практкувам прво да го приготвам филот, а потоа тестото.
За првиот фи во 500 мл млеко го ставаме шеќерот и ставаме да почне да врие. Во преостанатот млеко го додаваме пудингот и убаво да се измеша, се вари густ фил.
Изладен филот се мати со половина коцка маргарин, се додава матена слатка павлака за филот да биде по растресит.
Во овој фил ставаме сецкано млечно чоколадо. Доколку не ви е доволно благ филот додадете шеќер во прав по вкус.
Фил 2-Во 500 мл од млекото го ставаме шеќерот. Во преостанатото млеко го разматуваме пудингот и потоа вариме густ фил.
Изладен го матиме со половина коцка маргарин, додаваме 3 лажици нутела и сецкани ореви.
За пандишпан -матиме 3 јајца со 3 лажици шеќер потоа додаваме 3 лажици ореви мелени 1/3 пециво и 2 супени лажици брашно.
Во тавче со димензии 28 х 36 ставаме хартија врз неа ставаме 100 гр сецкани печени ореви и го истураме тестото печеме на 170 степени додека добие убава боја.
Постапката ја повторуваме 3 пати за да добиеме 3 пандишпана.
Откога ке се изладат печените пандишпани јас ги посипувам со млеко помешано со шеќер во прав, оформуваме даска и потоа филуваме.
Пандишпан фил 1,пандишпан фил 2 и на крај завршуваме со пандишан.
Јас оваа торта ја декорирав со фондан,направив фигури ,се комплет потрошив 1 кг фондан.
Пробајте да ја направите нема да згрешите,тортата е превкусна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови