Торта „Гнездо со јајца“
Најпрво направете го кремот.
1. Одвојте малку од млекото и во него растворете ги пудинзите.
2. Ставете го другото млеко заедно со шеќерот да зовријат.
3. Сварете го пудингот и оставете го да се излади.
4. Изматете го путерот и постепено, додавајќи од пудингот, направете крем.
5. Поделете го кремот на два дела, 2/3 и 1/3.
6. Изматете ја слатката павлака и додајте ја во двете третини од кремот.
7. Во едната третина додајте го стопеното чоколадо. Тој крем ќе биде за декорација.
За чоколадниот кекс
1. Убаво изматете го путерот со шеќерот. Додајте ги јајцата едно по едно.
2. Со жешката вода растворете го какаото и додајте го во путерот.
3. Измешајте го брашното, ванилата и пецивото и постепено додавајте во путерот од брашното и од млекото. Ќе се направи густа смеса.
За печењето на оваа торта ви е потребен метален сад кој има потесно дно, како оние садови кои ги користиме за салата. Премачкајте го со масло и попречно наредете го со ленти од хартија за печење (види на сликата). Ставете ја смесата и печете во загреана рерна на 180 степени, отприлика 40-45 минути (проверете во средината со дрвена чепкалка). Откако ќе се испече, извадете го од калапот и нека се олади. Пресечете го на три дела. Со филување започнете од поширокиот дел. Кремот поделете го на три дела дела. Најгоре не треба да премачкате со фил. Во кеса за крем ставете го кремот за декорација и отсечете го сосема малку врвот и почнете да ја декорирате од надворешна страна, формирајќи линии, како стапчиња, да наликува на гнездо.
Не декорирајте на горната страна. Таа ќе ви биде основа. Ставете една чинија над тортата и превртете ја. Сега поширокиот дел е одозгора. Премачкајте го со крем и наредете ги јајцата.
Се надевам дека добро објаснив, ако има дополнителни прашања тука сум.
Честит Велигден! За многу години!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови