Значи ова е за 1 порција.
Често ова го спремам во земјена тава, за повеќе особи.
По вкус може да се додаде и тенки парчиња лута пиперка или колбаси.
Изборот е ваш.
Многу вкусно мезе, а богами може да помине како добра вечера или појадок.

Најпрво во калапот ставаме хартија за печење.
До колку се прави во земјена тава нема потреба од хартија за печење.
На дното ставаме малку зејтин.
Дното го обложуваме со тенки парчиња црвен домат.
Врз него ставаме листови сирење или кашкавал, а врз нив малку оригано.
Покриваме со листови сланина.
Вака спремено оди во релна 7-8 минути.
Потоа го вадиме од релна и кршиме 1 јајце.
Го враќаме во рерна на 5-6 минути да се запече.
Вие користете продукти и зачини по ваш избор.
Брзо, вкусно, декоративно...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани