14
дек
2015
Топол чоколаден пијалок со чили
- Во млекото додадете ги ванилиниот и кафениот шеќер, циметот, чили пиперчињата - загрејте до вриење. Додадете го искршеното чоколадо и на намалена температура бркајте додека се чоколадото стопи.
- Тргнете од огнот и оставете да одстои 10 мин. по што ќе ги извадите зачините, вратете повторно на огнот да проврие.
Сервирајте излевајки во чаши, декорирајте
Напомена
Доколку сакате да ја декорирате со слатка павлака тогаш сматете 50 мл. слатка павлака, но која нема да ја матите до нејзината полна цврстина туку додека стане кремаста, врз неа посипете до чоколадните струготини.
Нека ви е слатко... ова е љубовен напиток,
Лиценца: Сите права се задржани