Топла салата со прокељ, сланина и ореви
Исчистете го прокељот и засечете го малку накрсно кај коренот. Измијте го и ставете го во посолена вода на средна температура да врие 3-4 минути покриено со капак. Исцедете го.
Оревите крупно искршени ставете ги во сува тава и на умерена рингла со мешање потпечете ги колку да замирисаат.
Потоа тргнете ги на страна во сад и додадете ја сланината претходно исечкана и попржете ја и неа.
Исто така тргнете ја во сад на страна и додадете го прокељот со 2-3 лажици маслиново масло и посолете го, па мешајте и тој да се потпечи, т.е. запржи.
Се ставете во еден длабок сад, додадете масло, сол и пимент по вкус, измешајте и послужете топло.
По желба (тоа беше мој додаток на оваа идеја и супер се вклопи) кој сака може да додаде свежо исечкан праз колку една мала педа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови