1. Во вангла растворете го квасецот со млаката вода и шеќерот, почекајте околу 5 мин, и додајте го брашното и солта. Замесете го тестото со лажица (бидејки е малку помеко тесто) а можете и со рака. Оставете го да стаса.
2. Кога стасало тестото со намрснети раце вадете од тестото, растегнувајте ги со рацете и пржете во загреан зејтин.

СОВЕТ - и да ви остане од тестото - ништо страшно, покријте го садот и оставете во фрижидерот, ќе забележите дека наредниот ден се уште поубави и за работа и за јадење.
-Аналаогно на напред напишаното - значи можете ова тесто да го замесите од вечер, но внимавајте водата да е сосема малку млака, дури и со ладна. Замесете го тестото и ставете го фрижидерот.
- многупати ја сменам количината на водата бидејки додавам јајце, некој пат јогурт или кисело млеко .... и со кисела вода.
- Можете да ги служите и со слатко и со солено
1 чаша - 200 мл.
Бон Апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани