Тесто за брзи пици
Пишувам дека е рецепт само за тестото, филот ви е по ваша желба.
- Измешајте брашното, пецивото, солта. Додадете јогуртот, маслото, крем сирењето - замесете тесто. Нека одстои 15 минути, расукајте во дебелина од 0,5 см. вадете со модла големина која сакате.
- Одозгора филувајте ги, печете 10 мин. во претходно загреана рерна на 200 степени.
Напомена
- Ако вадите со помала чаша ќе извадите околу 24 на број.
- Јас денес направив неколку мали и една поголема.
- Ги премачкав со кечап, ставив на едни рендана шунка и кашкавал, на тие што не сакаат маслинки не им ставив. Значи филот прилагодете го спрема вашите омилени состојки. Дечките кај мене ниту печурки не дозволија да ставам. На ова тесто Моцарелата ми е некако најдобра, но немав.
- Можете да ги замесите наместо со јогурт, со кисела павлака, но тогаш треба да намалите од количината на брашното. Вкусни се и ладни и топли.
- Ако ставите наместо пециво малку квасец, тогаш можете и да ги оформите само формите - без фил, па да ги замрзнете и по потреба само да извадите, да сочекате кратко време да се одмрзнат, филувајте и печете.
- Работ го правам со помала форма од исеченото тесто само лесно налегнам и толку.
- Денес ги месев со павлака.
Лиценца: Сите права се задржани