Телешка нога на гурмански начин
Преубав додаток на Велигденската трпеза, покрај останатото месо, ми беше и телешкото гурманско. Ајде да објасниме како го спремивме.
1. Во грил тава попрскуваме малку маслиново масло, па го ставаме дискот телешка нога . Во тавата додаваме чешне расечен лук и гранче рузмарин. Пржиме на тивко, на многу тивко, подолго време, превртувајќи почесто. Постепено зачинуваме со сол и црн бибер, па додаваме паста од домати, сечкан целер, праз и моркови. Пржиме и мешаме наизменично. Откако мевцето добие убава боја и е запржено, по површината и дел од внатрешноста, го попрскуваме со темен шеќер и му додаваме црвено вино. Во тавчето додаваме стапче цимет. Оставаме да си крчка повторно на тивко.
2. Штом почне да зоврива, го префрламе во земјено грненце и го затвараме со капачето. Телешкото ќе се развари, како кончиња ќе стане. Готово е кога сосот од цимети вино, ќе биде згуснат, а месото се топи во уста.
Користев диск, парче од младо телешко месо. Навистина превкусно. Не користев нешто посебно за сервирање, освен рестован компир. Убавата трпеза ја збогатив и со прекрасно вино.
Среќни празници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови