Тегнато со фил од сирење
1. Во длабок сад се става просеаното брашно, солта и водата.Се замесува понамеко тесто кое се остава покриено со најлонска фолија да одмори 15мин.
2. Тестото се дели на 2 дела кои убаво се размесуваат со посипување на брашно.
3. Едното тесто се расукува врз чист чаршав на кој имаме ставено брашно за да не се лепи. Го премачкуваме тестото со масло и го преклопуваме.Така правиме и со другото тесто. Ги оставаме да одморат 15мин.
4. Се зема едното тесто се отвара бидејки беше преклопено и почнуваме да го тегниме врз чаршав ...од сите страни. Потоа ставаме масло и сирење. Се витка ролат со помош на чаршавот од едната па од другата страна и се сечи на половина(види слика).
5. Се става во намрсена тава се сече и се печи во загреана рерна на 200С-25мин. Се вади тепсијата се премачкува со премазот и се враќа во рерна уште 5мин. Наздравје!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови