Тегната пита - Добро Утро
Во брашното се става сол и шеќер и се мешаат, потоа во него се додава растопен квасецот со малку вода и зејтинот и по потреба се додава топла вода за да се замеси убаво тесто. Тестото треба да биде помеко.
Се дели на 6 парчиња.
Секое парче се расукува во големина на мал тањир и секоја кора се премачкува со зејтин.
На чаршав секоја кора поединечно се тегне. На растегнатата кора која што се попрскува со зејтин и се става изрендано сирење, по желба може да биде и праз со урда или мелено месо со кромид. Се витка како во ролат.
Секоја истегната кора се реди во подмачкано тавче како полжав почнувајќи од средината на тавчето кон надворечниот дел. Но исто така може да се направат и поединечно свиткани кори како полжав.
Се пече на 180 степени, околу 30 мин.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови