Татлија со сусам и кокос
За љубителите на благи со шербет ова се идеални колачиња. Јас би кажала баклава без кори пробајте многу едноставно се подготвува имаат преубав вкус.
Подготовка
Во сад за месење ги ставаме сите состојки и замесуваме тесто. Тестото го ставаме во голема ростер тава со димензија 35*25. Оставаме тестото да одстои петнаесетина минути и пред да го ставиме за печење исечете го на коцки или баклави. Печеме на 180 степени 45мин. до еден час.
Шербет
Во касерола го сипуваме шеќерот и водата. Вариме десетина минути јас си гледам на часовник оставам пет минути одкако ќе зоврие и го тргам шербетот. Во шербетот може да додадете ванилин шеќер и лимон. Попаруваме топол шербет ладен колач, декорираме со јатки лешници или ореви.
Добар апетит!!!
Забелешка
Користете мал филџан и со истиот мерете ги сите состојки.
Лиценца: Сите права се задржани