Ова е еден прекрасен овошен богат тарт со капини, во вкусно ровко тесто.

Како што се доближува пролета, гледам да ги потошам залихите од замрзнато овошје, бидејќи доаѓа сезона на ново свежо вкусно овошје. Па така настана овој тарт.

1. Се замесува тесто од наведените состојки и се става во фолија и во фрижидер, да се одлади половина час.
2. За тоа време се подготвуваат останатите состојки. Се мелат бисквитите и бадемите.
- Капините е најдобро неколку часа предходно да се извадени од замрзнувач, за да не ви се растураат при редење на питата.
- Подгответе тавче, на кое обрачот се отстранува и долниот дел обложете го со хартија за печење, а страниците премачкајте ги со путер/маргарин.
- Вклучете ја рерната на 180 степени.
3. За преливот потребно е сите состојки да ги измешате во еден длабок сад.
4. Тестото расукајте го на набрашнета површина кората да биде барем 5мм дебела. Немојте многу тенко да го расукате. Ставете го тестото во калапот и страниците убаво притиснете ги.
5. Посипете го тестото со мелени бисквити.
6. Капините распределете ги низ целата пита, ставете 400 гр., а 100 гр оставете на страна.
7. Врз капините ставете го преливот, убаво да се распредели насекаде.
8. Врз преливот ставете ги преостанатите 100 гр капини.
9. Страниците притиснете ги надоле, да се изедначат со филот.
10. Се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 20-30 мин, додека тестото да фати убава румена коричка.
11. Оставете ја питата убаво да се излади и стегне, за полесно да ви се сече.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови