Таратур со карфиол
Овие денови открив дека ако сакаш таратур, а немаш краставици можи заменски зеленчук. Така, прво направив со салатка, но потоа на идеја на една моја пријателка пробав и со карфиол. Што да ви кажам? За мене беше и оброк и салата во исто време.
1. Карфиолот измиен и иситнет на цветови го ставаме во посолена вода да се обари 10на минути. Потоа го вадиме и го цедиме.
2. Лукот, со малку сол, го толчиме, па му додаваме масло и го доистолчуваме (или можите едноставно да го помините низ преса ако имате).
3. Карфиолот го ситниме на помали цветови и го додаваме на толчениот лук, па ја додаваме павлаката и посолуваме по вкус.
4. Ја додаваме и киселината, мешаме и на крај маслиновото масло. Количината не му е одредена, но сами на око ќе препознаете колку. Тоа му дава свилен изглед на самата салата со неговото мешање.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Преубава е салатата,малку да се насмееме )))).
Поздрав голем ;)
наде, ни постам, ни ракија дома пијам, па ни алкохол :)))
такви активности практикувам само во кафана некогаш (јас оригинал натурализирана влаинка ха)