
19
дек
2019
Тава со тиква, мелено месо и зеленчук
Меленото месо посолете го и додајте зачини по желба. Направете топчиња.
Тиквата, тиквичката, црниот патлиџан и компирот исечете ги на тркала.
Во тавата редете од се по едно тркалце и меѓу нив ставете топче од меленото месо.
Така наредете ја цела тепсија. Посолете, додајте сув зеленчук, ставете зејтин и 1 чаша вода. Ставете да се пече на 250 степени 35 минути.
Киселата павлака изматете ја со јајцата и истурете во тепсијата, па печете уште 15 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани