Неделен ручек од мелено месо и разновиден зеленчук
Парчето двопек го натопуваме во ладна вода, па го цедиме со рацете. Во сад налеваме околу 50 мл масло и го ставаме ситно сецканиот кромид. Го запржуваме, да застакли. Го тргаме настрана да се излади. На овај начин ќе биде многу порастресито месото, само ако се стави жив кромид(ќе пушти вода). Сега кај изладениот кромид го додаваме јајцето, двопекот, месото, сланинката, сецканиот магдонос и зачините. Убаво месиме со рака. Го оставаме месото во фрижидер 1 час да одстои. Сега го чистиме зеленчукот. Го сечеме на парчиња по големина. Земаме округла ростер тава бр.26. Во средината на тавата ставаме половина од месото. Убаво со раце го израмнуваме како голема плескавица. Врз него редиме цветчиња брокула и сецкани варени јајца. Ги покриваме со останатата половина месо. Околу месото го редиме морковот, целерот, пашканатот, листовите целер. Ги покриваме со кругови компири. Налеваме вода и го ставаме ручекот во рерна околу 45 минути да се пече на 190 степени. Топло го сервираме.