Тава со пилешко и сланина во пармезан пире
Идејата за да го подготвам овој ручек ми дојде откако сварив вишок компири. Стекот секако беше планиран за ручек, ама како да се подготви баш и немав некој план. И ми светна дека може нешто поинакво да подготвам и да се надевам дека ќе им се допадне на домашните. И им се допадна.... На здравје неделен ручек!
Подготовка
1. Компирите ги вариме, лупиме и ги пасираме, па додаваме млеко и путер. Додека е топло го зачинуваме пирето. На крајот рендаме пармезан (130 гр). Смесата треба да ни е погуста од вообичаено пире.
2. Сланината (околу150 гр) ја сечкаме на коцки и ја запржуваме. Ја тргаме на страна.
3. Пилешките гради ги сечкаме на коцки и нив ги упржуваме во свинска маст. Ги зачинуваме со бибер и мешан сув зачин. Ги соединуваме со сланината.
4. Половина од пирето со пармезан го распоредуваме во намрсена тава во која ќе го печеме ручекот. Врз него го ставаме месото, насекаде распоредено, па остатокот од пирето.
5. Остатокот сланина сечкана на тенки листови ја распоредуваме врз пирето и врз неа рендаме пармезан, а наросуваме бибер по вкус.
6.Ставаме тавата да се пече на 180-200 степени околу 10-15 минути.
Служете го топло ама вкусно е и кога ќе се излади. На здравје!