Можам да кажам дека ова ми е едно од омилените јадења за припрема. Обожаваме дома преспанско крапче и обично купувам по 3-4 кг и го печам цел без глава оти не ми го бери во тавата. Секако, користам Делимано ростер тава со капак за печење.

Подготовка:

1. Крапот треба да е исчистен целосно. Посолете го убаво и направете засеци по цела должина и нека навлези солта и во засеците. Не ставам никакви други зачини, бидејќи не сакам рибата да ми мириса на тревки. Ставете низ целиот крап сок од 1 лимон и премачкајте го со масло. По страните наредете ги сечканите компири, кромидот и морковот. Ставете вегета, црн бибер и зачини по желба врз зеленчукот. Додадете 1 филџан бело вино во тавата и ставете масло.
2. Покријте ја тавата со соодвете капак или со фолија и ставете да се печи на максимална температура околу 1 час. Потоа извадете ја фолијата и превртете ја рибата. Оставете да се допечи уште 20тина минути, а зеленчукот нежно промешајте го.

На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови