
13
јан
2016
Печен преспански крап
Преспанскиот крап за мене е една од најубавите слатководни риби. Го подготвувам или посолен па пржен или на овој начин.
Најпрво исчистете го, измијте го и ставете го во тепсијата во која ќе се пече.
Одозгора засечете го на неколку места и во нив ставете по едно парче лимон и лук.
Во стомакот ставете доста исечкан магдонос, исечкан лук и 1 лимон исечен на парчиња.
Залијте го со виното и маслото, потоа зачинете го одозгора со вегета и бибер.
Наоколу, ставете парчиња лимони, магдонос и лук.
Ставете го да се печи во загреана рерна најпрво прекриен со фолија, потоа тргнете ја фолијата и оставете го да се допечи, да добие убава боја.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Milina :)))