Тава боранија
Дозата ја правев мала бидејќи боранијата на повеќето е спорна за јадење, па така и кај нас, да видиме како ќе помини во печена форма. Со 300 молења да се проба извојував победа од 50% : )
Значи, за нормална тава дуплирајте ги состојките. Тиквичка имав при рака, но овде одлично би се вклопила и пеперка наместо тиквичка, значи, слободно експериментирајте со додавањето на зеленчуците. Така на пример и морковот слободно земете го во предвид (не се имало во моментот).
Боранијата и тиквичката сечкана на ситни коцки прво се запржуваат додека омекнат, па се додава доматот исечкан и се пржи уште кратко.
Потоа се додаваат околу една чаша најмногу вода, се посолува малку и малку ги посолуваме и стои на исклулената рингла додека се затопли, а во меѓувреме веќе рерната е пуштена да се загрева на 200С.
Потоа тавата ја префрламе во рерна и кога ќе испари течноста ја преливаме со разматените јајца и кисело млеко кои ги зачинуваме. Кај мене оригано, пимент и куркума, а вие како ве води вкусот.
Послужете со кисело млеко или павлака.
Лиценца: Сите права се задржани