Јајцата се матат со шеќерот(со жица), се ставаат во сад на пареа, привремено се мешаат, се вари додека јајцата се згустат и додека кога ќе повлекувате со лажицата се прави патека. Се додава маргаринот на коки и нутелата се меша додека се стопи.
Се трга од оган се додават бисквитите, лешниците, румот, кокосот и се меша со лажица додека се изедначи. Смесата не треба да биде многу цврста треба да се меша со лажица, по потреба може да се додаде млеко, за да биде смесата компактна.
Смесата се става во триаголнест калап обложен со најлонска фолија.Се става во фрижидер 2 часа добро да се стегне.Се сече на тенки парчиња.
Со додавање на бисквитите и лешниците смесата ќе почне да белее, па затоа може да додадете темно какао или уште нутела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови