Оваа алва се прави брзо и од едноставни состојки, а ќе добиете посно, вкусно, здраво засладување за љубителите на вкусот на таан алва. Мене лично вкусот многу ме потсети на класичната таан алва, која ја обожавам.

Подготовката е следна

1. Во сува тава, на умерена температура, го пропржуваме сусамот до посакуваната боја. Тргаме настрана.
2. Потоа сусамот и останатите наведени состојки ги блендираме до добивање на фина паста.
3. Добиената смеса ја ставаме во сад или некој калап (по желба) врз хартија за печење, и алвата ја оставаме во фрижидер неколку часа да се стегне.
4. Сечеме парчиња.Од едната страна јас ги посипав со сусам.

- Забелешка

Наместо ореви, по вкус може да додадете други јаткасти плодови (бадеми, лешници). Според мене, зависно каков мед ќе користите (има потечен, погуст, кристализиран) можно е да варира количината на мелени ореви, па затоа овој рецепт може да претрпи промена во количината на оревите. Јас ги употребив наведените состојки во наведените количини.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани