Од оваа количина јас направив една мала тегла. Количината на маслиново масло не ја мерев, треба да се покријат доматите.

ПодготовкаЧ

1. Сушените домати ги ставаме во длабок сад и ги потураме со жешка вода да стојат околу 15 минути, да омекнат. Ги цедиме и ставаме во мала тегла. Измеѓу ги ставаме копарот и босилекот. Ги додаваме солта и ориганото. Го додаваме оцетот и дополнуваме со маслиново масло да се покријат. Ја затвораме теглата и ја протресуваме да се измешаат зачините. Оставаме во фрижидер минимум 7-8 часа пред употреба.
2. Маслото што ќе ви остане откако ќе ги изедете доматите, искористете го за во салати или за готвење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани