4
апр
2015
Сурови бомбици (посно)
Подготовка
- Ако имате суви урми тогаш потопете ги во топла вода да омекнат, исцедете ги, извадете им семките, а ако се свежи ќе нема потреба од тоа. Се блендираат и ќе добиете кашеста смеса. Додадете ги останатите состојки, блендирајте да се спојат.
- Извадете ја смесата, правете форми бомбици или едноставно наполнете калапи за лед и ставете во фрижидерот да се стегнат, потоа извадете ги.
Послужете посипани со кокос, а може и без него.
Можат во фрижидер да стојат повеќе време, а може и да ги замрзнете.
Чашата е од 200 мл.
Лиценца: Сите права се задржани