1. Излупете ги состојките. Исечкајте ги тиквата и морковот на мали коцки. Потоа исечкајте ги кромидот, лукот и ѓумбирот. Излупете и исечкајте го јаболкото на коцки, а портокалот исцедете го.

2. Во загреаното масло додадете ги кромидот, лукот и ѓумбирот и пржете ги околу 3 минути на послаб оган. Потоа додадете ги тиквата и морковот и продолжете со пржење уште 5 минути на средно силен оган.

3. Додадете 1 литар вода заедно со јаболката и исцедениот портокал и оставете да се вари околу 20 минути на средно силен оган со повремено мешање.

4. Соединете ги состојките во блендер, додадете зачини по вкус и имате здрава и вкусна супа за јадење која ќе ве стопли вас и вашите најмили.

Уживајте и споделете со мене дали ви се допаѓа!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови