Супа од домати со павлака
1.Со остар нож се сецкаат доматите на коцки, при што најпрво се отстранува кожинката од доматите.
2.На загреано масло и маргарин пропржете ги најпрво сецканиот компир,кромидот и доматите сецкани на коцки.Пржите 6 минути додека зеленлукот не омекне.
3.Додадете го млекото и претходно приготвената пилешка супа,додадете го сецканиот босилек, сол и пипер.Варете 15 мин додека компирот не се свари.
4.Тргенете ја супата од оган и оставете ја да се олади, одкако добро ке се олади испасирајте ја или поминете ја со блендер.Претурете ја во друго чисто тенџерче,зачинете ја по вкус.Пред послужување супата секогас загреете ја, сервирајте ја во чинии при сто во секоја порција додадете по една лажица павлака и сецкан магдонос за декорација .
СОВЕТ
За да го добиете правиот вкус и убава црвена боја морате да употребувате многу зрели домати, затоа што тврдите домати нема да ви ја дадат така добрата црвена боја.Но доколку сакате да ја појачате црвената боја при подготовката додадете и една лажица доматно пире.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови