31
мај
2017
Суви ароматични кекси со рогач и интегрално брашно
Во една вангличка ги ставме јацето, медот (шеќерот не е задолжителен) и матиме со миксер колку малку да се соединат. Го додаваме растопениот и изладен путер. Промешуваме, па ги додаваме ванилата, ароматичните зачини,просеаното какао, рогачот,пециво, и брашното. Замесуваме нелепливо тесто. Го расукуваме на малку набрашнета површина, со модла вадиме форми и ги редиме во плех. Ги печеме на 180 с, околу 10-14 минути, внимателно да не ни изгорат, поради темната боја. Ги оставаме да се изладат, па ги собираме ви лимена кутија, каде можат долго време да стојат.