Испечати

Суви ароматични кекси со рогач и интегрално брашно

Суви ароматични кекси со рогач и интегрално брашно

Состојки

  • 1 јајце
  • 1 лажица мед
  • 1-2 лажици кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 лажица какао
  • 4 лажици рогач
  • 60 гр путер
  • 8 лажици интегрално пченично брашно
  • 1 лажичка мешавина зачини за медењаци(цимет, морско оревче, махлеб, каранфилче)
  • 1 лажичка пециво

Подготовка

Во една вангличка ги ставме јацето, медот (шеќерот не е задолжителен) и матиме со миксер колку малку да се соединат. Го додаваме растопениот и изладен путер. Промешуваме, па ги додаваме ванилата, ароматичните зачини,просеаното какао, рогачот,пециво, и брашното. Замесуваме нелепливо тесто. Го расукуваме на малку набрашнета површина, со модла вадиме форми и ги редиме во плех. Ги печеме на 180 с, околу 10-14 минути, внимателно да не ни изгорат, поради темната боја. Ги оставаме да се изладат, па ги собираме ви лимена кутија, каде можат долго време да стојат.