23
ное
2012
Сува торта со праз и морков
Во длабок сад ги кршиме јајцата и промешуваме со вилушка.Го додаваме јогуртот и вегетата и повторно убаво промешуваме. Во смесата ги додаваме и ситносецканиот праз, пецивото и маслото за јадење. Повторно мешаме со вилушката, за смесата да се соедини. Пред крајот го додаваме морковот , за кој што јас употребив блендер и ронетото сирење. На самиот крај се додава брашното. Смесата се истура во подмачкано тавче.
Се пече на температура од 150 степени околу 15 минути. Печената тортичка од праз, се сече на коцки и се сервира во чинија.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови