Студентски колач (приготвен и готов за 2 мин)
Кога учејќи во доцните ноќни часови дома нема ништо благо, ги нема ни залихите кои мама ги пратила, а е потребна енергија за учење, веднаш се бара рецепт на интернет и се спрема нешто благо. Рецепт од мојата ќерка – студент, па затоа и рецептот е студентски колач.
Ако е студентски и нас убаво ни дојде = )))
1. Сите состојки освен чоколадото за готвење ги мешаме во еден сад.
2. Чоколадото го ситно го сецкаме.
3. Во 2 филџанина дното ставаме по малку од смесата. Врз него ставаме сецкано чоколадо. Па пак смеса, чоколадо. Уште малку од смесата која останала и на крај врз цела површина ставаме чоколадо.
4. Филџаните ги ставаме во микробранова на најака температура ( ние на 90 степени ) 2 минути.
Доколку имате може да се стават и сецкани лешници, така што кога ќе ставате чоколадо ќе ставите и лешници.
Од оваа смеса излегуваат 2 филџани.
Колачот е спремен =))) добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани
Ellena ne znam za vo rerna, ne sum pravela :)
moi recepti ako moze da se dodade 2 1/2 lazici seker vo prav :))
pozdrav do site
Eve jas odma sum si go napravila za rucek denes ova ni bese za deset.Ti blagodatram MIrjana za receptot,ekspresno brzo a mnogu vkusno.