Старински ролат
Уште еден рецепт од бабината кујна. :)
Се подготвува многу брзо и лесно.
Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата.
Се додава постепено врелата вода, исто матејќи на најсилно.
Потоа се додава брашното помешано со пецивото,(на неколку пати) матејќи на најслабо.
Се излева во плех на хартија и се печи на 180 степени-20 мин., во претходно загреана рерна.
Топло се витка во влажна крпа.
Ладно се премачкува со мармалад.
Се витка убаво во ролат, се завиткува во најлонска фолија и во фрижидер или сега на балкон 2-3 саати да се стегни и се сечи.
Можи да се нароси и со шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани