Старински орев ролат со варени жолчки (без печење)
Во мојот прв тефтер од 1984 година, на првата страна стои рецепт Ролат со варени жолчки, мама....
Значи рецептов е мноооогу стар, но превкусен е.
Старинските рецепти ми будат посебни чувства...
Во еден сад се става белката, малку се мати со жица, се додава шеќерот во прав, па го додаваме растопеното чоколадо.
Соединуваме и ги додаваме ситно мелените ореви.
Убаво месиме со рака.
Вака добиена смеса се расплескува на најлонска фолија.
Убаво израмнуваме.
Во вода која врие ги спуштаме само жолчките да се сварат.
Ги оставаме на хартиена салфета да се исцедат и да се изладат.
Путерот го матиме со миксер и го додаваме шеќерот во прав.
Тука ги додаваме и пасираните жолчки.
Убаво соединуваме.
Оваа смеса ја нанесуваме врз кафената смеса.
Цврсто завиткуваме ролат.
Го оставаме во фрижидер 1 час, сечеме парчиња и послужуваме.
Лиценца: Сите права се задржани