Старински реден колач со јаболка и гриз
1. Јаболката се лупат и се рендаат и се мешаат со останатите состојки. Маслото може да го измешате во филот со јаболка или пак, да го изоставите и за сметка на тоа маргаринот да го распоредите на коцкички одозгора врз колачот пред печење. Оваа смеса се дели на два дела, но јас брзајќи ја поделив и неа на 3 и кај мене дојде најгоре делот со фил од јаболка да биди на кој додадов врз нив и 100 гр рендан марципан.
2. Измешајте ги во друг подлабок сад сувите состојки и поделете ги на 3 еднакви дела.
3. Во тава 30х20 се реди прво сувиот дел, па јаболката, па повторно наизменично до крај.
4. Се пече 45 мин на 180С
Јас одозгора на тавата ставив алуминиумска фолија, мене рерната чинам ми е силна на долго време ако печам, вие не морате. После отприлика половина час ја симнав и оставив да се допече.
Доколку решите колачот да го правите стандардно со сувиот дел да завршите најгоре, откако ќе се испече наросете го со шеќер во прав. Во оваа моја верзија тоа не доаѓа предвид. Можеби не изгледа лично без него, но верувајте за јадење е превкусно и секако поуспешно за печење вака : )
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови