Срце од спелта - погача со полнење од праз и сирење
Рано неделно утро.Убаво е да се измисли и подготви нешто декоративно и вкусно.
Па еве го мојот денешен предлог
1. Од сите состојки замесуваме меко тесто, го оставме на топло да втаса околу 30 минути.
2. На загреано масло го пржиме празот, додаваме сол, бибер и сирење.
3. Тестото го делиме на два дела- од едниот дел сукаме долга правоаголна кора, ја премачкуваме со филот и ја завиткуваме како ролат. Од другиот дел сукаме поширока правоаголна кора, која ја засекуваме по страните. Во средината го ставаме ролатот, краевите ги завиткуваме на внатре.
Го ставаме така подготвен тесто во калап срце и го премачкуваме со јајце. Од остаток на тестото формираме ружички- и нив ги ставаме во калапот. Го оставаме на топло околу 40 мин премачкуваме со јајце, а потоа печеме во загрена рерна околу 30 минути.
Лиценца: Сите права се задржани
И овој рецепт е стар
Во изгубените рецепти е
Бил објавен на ден 25.02,2018 г
Ве молам поставете го на соодветното место
Благодарам