Испечати

Срце од спелта - погача со полнење од праз и сирење

Срце од спелта - погача со полнење од  праз и сирење

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 1лажиче пециво
  • 250мл млеко
  • 1/2лажиче сол
  • 1/2лажиче шеќер
  • 2лажици маслиново масло
  • 270гр спелтино брашно
  • 100гр пченично интегрално брашно
  • 100гр јачменово брашно
  • 1лажица бело брашно
  • фил
  • 1 страк праз
  • 100гр сирење
  • сол и бибер по вкус, масло
  • за премачкување јајаце

Подготовка

Рано неделно утро.Убаво е да се измисли и подготви нешто декоративно и вкусно.
Па еве го мојот денешен предлог
1. Од сите состојки замесуваме меко тесто, го оставме на топло да втаса околу 30 минути.

2. На загреано масло го пржиме празот, додаваме сол, бибер и сирење.

3. Тестото го делиме на два дела- од едниот дел сукаме долга правоаголна кора, ја премачкуваме со филот и ја завиткуваме како ролат. Од другиот дел сукаме поширока правоаголна кора, која ја засекуваме по страните. Во средината го ставаме ролатот, краевите ги завиткуваме на внатре.
Го ставаме така подготвен тесто во калап срце и го премачкуваме со јајце. Од остаток на тестото формираме ружички- и нив ги ставаме во калапот. Го оставаме на топло околу 40 мин премачкуваме со јајце, а потоа печеме во загрена рерна околу 30 минути.