Леб од брашно од хељда и спелта
Прв пат подготвувам леб од овие видови на брашно и многу ни се допадна, мек и вкусен.
1. Двата вида на брашно ги ставаме во длабок сад. Ги додаваме мелениот сончоглед и семките од тиква, промешуваме. Во средината правиме вдлабнатина. Квасецот го кршиме на парченца, го ставаме во влдабнатината. Во квасецот го додаваме кафеавиот шеќер и малку од топлата вода. Оставаме да стои 5-10 минути. Замесуваме тесто со постепено додавање на топлата вода и јогуртот, ја додаваме и солта, месиме.
2. Тестото го оставаме да одмори 1 час, да нарасне.
3. Јас од тестото формирав 4 лепчиња за бургери, а остатокот го ставив во калап за леб обложен со хартија за печење. Тестото е лепливо и малку потешко за работа за формирање на мали лепчиња. Со помош на малку брашно од хељда ги формирав. Остатокот со лажица го ставив и распределив во калапот. Затоа добив помал леб затоа што направив и други помали.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути, зависно до рерната.
Лиценца: Сите права се задржани
Но можам малку да замесам.