Меки крофнички во форма на срце кои стојат меки дури и по неколку дена (тешко дека ќе останат веднаш се јадат)
Се делат белките од жолчките. Се матат белките во црвст снег. Квасецот се раствора во млакото млеко со малку шеќер и брашно. Жолчките се матат со шеќерот, се додава маслото, кората од портокал, румот, квасецот сето ова се мати и на крај се додаваат белките. Понатаму се меси со раце додека не се добие убаво мазно тесто. Се остава да отстои 1-2часа, зависи колку е топла просторијата.

На набрашнета површина се сучи кора и се вадат срциња со калапче и се оставаат да одморат 20тина минути. Го загреваме маслото, откако ќе се загрее се намалува температурата и се ставаат срцата да се пржат. Пржените крофни се ставаат на кујнска хартија. Се наросуваат со шеќер во прав. Јас пола ги чоколадирав, но треба да се убаво изладени.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови