Бидејќи секој има свој начин на припрема на тестото за пица, а и веќе ги има неколку на странава, ќе се задржам само за топингот. Бидејќи обожавам спанаќ, си го измислив и овој начин на припрема на пицата и ми е вистинско уживање да јадам пица со ваков фил. Количината е за една средна пица или една поголема пица.

Подготовка:

Сите состојки освен моцарелата се мешаат заедно и се ставаат врз тестото. Значи оваа е бела пица и не се става доматен сос одозгора врз тестото. Одозгора се редат парчиња моцарела.
Се печи на висока температура околу 10-15 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови