1. Исчистете го спанаќот и измијте го 3-4 пати.
2. Чешнињата лук исечкајте ги ситно.
3. На дно на лонецот ќе го ставите лукот, а врз него спанаќот.
4. Немојте да додавате вода.
5. Оставете го да се вари на тивок оган 20 минути се додека спанаќот не омекне.
6. Насобраната вода од лонецот се истура.

Совет – Може да додадете неколку гранчиња рузмарин за подобар вкус. Послужите со кришки од лимон.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови