Сочни тортичиња
Јајцата изматете ги со шеќерот додека станат пенести и воздушести, како за торта. Додајте го маслото и млекото. Измешајте малку со миксер. Додедајте го брашното, пецивото и ванилиниот шеќер. Може да додадете какви било додатоци, овошје, чоколада, какао, кокос, лешници и др...
Измешајте со лажица да нема грудчиња.
Со смесата полнете ги калапите за мафини малку намрсени и побрашнети или ако имате силиконски не мора и исто така и хартиени кошнички. Кај мене кошничињата беа поголеми и не ги собираше во калапот, па ги ставив на рамен плех во кој ќе ги собере. Полнете ги 2/3 од калапот.
Јас наполнав 12 големи и 10 средни во форма на срце од силиконски калап.
Печете на 220 степени 20 тина минути додека да заруменат или имаат кафенаста боја. Извадете ги и посипете прав шеќер. Оставете малку да се оладат и служете. Одлични се за доручек со чаша топло млеко или за ужина на децата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови