Пандишпан
Со најголема брзина на миксерот пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Потоа намалете на најмала брзина и додајте ги маслото и млекото.
Додајте го и претходно растопеното чоколадо и убаво со шпатула измешајте.

Брашното измешајте го со пецивото и додајте го во изматената смеса.
Измешајте убаво со жица за матење.
На крај додајте ги и запечените сецкани бадеми.

Смесата истутере ја во округол калап(бр.28) обложен со хартија за печење или може да го премачкате со малку масло и да го набрашнете.
Печете на 180 степени, 35 минути.

Испечениот пандишпан оставете го убаво да се олади во калапот, а потоа извадете го на послужавник и пресечете го на 2 дела.
Бидејќи пандишпанот е многу мек и сочен ви советувам да го исечете со помош на конец.

Крема
Прашокот за пудинг измешајте го со шеќерот и 6 лажици од ладното млеко.
Остатокот од млекото ставете го да се загрее.
Откако ќе зоврие, со постојано мешање додајте го растворениот пудинг и мешајте додека се згусне.
Тргнете од оган и додајте ги растопеното чоколадо и свареното кафе.
Измешајте со жица и оставете да се олади.

Путерот изматете го пенесто, а потоа додајте ја оладената крема.
Со најмала брзина на миксерот матете додека убаво се соединат.

На подлога за торта ставете една половина од пандишпанот.
Одозгора нанесете ја кремата, па ставете го другиот дел од пандишпанот.

Глазура
На пареа растопете ги чоколадото и путерот и премачкајте ја тортата.

Оставете во фрижидер да отстои најмалку 1 час, за да се стегне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани