Сочна чоколадна торта
Состојки
- Пандишпан
- 4 големи јајца Камко
- 150 г шеќер Камко
- 100 мл вода
- 1 пакетче ванилин шеќер Ома
- 1 лажиче прашок за пециво Ома
- 1/2 лажиче сода бикарбона Фуди
- 150 г бело брашно Камко
- 20 г какао Фиеста
- 60 мл масло
- прстофат сол
- Фил
- 150 г шеќер во прав
- 75 г омекнат путер
- 30 г какао Фиеста
- 50 мл врела вода
- 70 г стопено чоколадо Алпико
- 250 мл изматена слатка павлака
- Прелив за пандишпаните
- 100 мл топло млеко
- 2 полни лажици чоколадо во прав
- Глазура
- 1 лажица желатин во прав
- 4 лажици вода
- 30 мл вода
- 50 г шеќер
- 75 г чоколадо за готвење Алпико
- 10 г какао Фиеста
- 50 мл хопла
Подготовка
Ние по дома сме љубители на чоколадни десерти и чоколадни торти. Мажот ми вели дека ако не е десертот чоколаден, тогаш подбро ич да не му го нудам. Оваа е една од најубавите кои сум ги направила, а во моментов дур го пишувам рецептот, повеќе нема од тортата, пред малку си го поделивме остатокот со син ми.
Подготовка:
1. За пандишпан - Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете ги водата и маслото, а сувите состојки измешајте ги настрана и постепено додадете ги мешајќи со шпатула. Изедначете ја смесата и истурете ја во калап број 20 (користев срце калап) обложен со хартија за печење. Печете околу 30 мин на 180 степени. После печење, изладете убаво и исечете го пандишпанот по хоризонтала на 3 дела.
2. За фил - Изматете го шеќерот во прав со путерот. Додадете го какаото, жешката вода и стопеното чоколадо и изматете убаво. Настрана изматете ја хоплата и додадете ја кон чоколадниот фил и изматете заедно. Ставете го филот во фрижидер.
3. За глазура - Ставете го желатинот во 4 лажици вода да набабри. Зовријте 30мл вода со шеќерот, додадете го чоколадото, какаото и хоплата и мешајте додека не се изедначи смесата. На крај, додадете го желатинот и убаво измешајте. Треба да добиете течна чоколадна смеса. Тргнете ја настрана и промешувајте одвреме на време. Откако ќе се излади глазурата до кај 30 степени, прецедете ја преку цедалка и потоа нанесете ја врз тортата.
Пред да почнете со филување, припремете го преливот и зовријте го млекото со чоколадото во прав.
4. Филување - Земете една кора, попрскајте ја со чоколадното врело млеко и нанесете од филот. Повторете ја постапката со другите две кори со тоа што на крај ќе ја премачкате целата торта со филот. Ставете ја тортата во фрижидер 1 час. 20тина минути пред да ја извадите од фрижидер, припремете ја глазурата, изладете ја и прецедете ја. Идеална температура за нанесување е 30 степени. Нанесете ја врз тортата и ставете ја во фрижидер на 2 часа. На крај, декорирајте ја дополнително со шлаг или по желба.
*Напомена-оваа глазура е огледало глазура, сјајна е откако ќе се нанесе и така останува. Кај мене го изгуби сјајот, зашто ја ставив во замрзнувач.