Сочен кекс со гриз и мармалад
Спремањето на овој кекс е многу лесно. Се работи со жица за матење, не треба миксер. А на крај се добива едно вкусно, рофко, а сочно колаче.
Подготовка:
1. Најпрво со жица ги разматуваме јајцата со шеќерот и ванилата, колку да запени. Потоа редоследно матејќи со жицата ги додаваме останатите состојки. Нотата на вкусот ќе зависи од изборот на мармалад.
2. Намастете и набрашнете тава 20х30, 26 или ако сакате пониско и 28 и истурете ја смесата. Печете во загреана рерна на 180С, 25 минути. А оние кои имаат посилна рерна како мојата, нека ја намалат температурата и нека печат малку подолго. Јас пред крај на печење пуштав и малку вентилатор.
3. Кога ќе подизлади (да не е жежок, ами млак) кексот исечете го на коцки или ромбови и поросете го со шеќер во прав. Вистинскиот шмек му е следниот ден. Одлично оди со кафенце и добро музиче наутро или so друштво во текот на денот.
*Забелешка: Јас правев 2. Во едната ставив домашен мармалад од сливи, а во другата домашно слатко од рендани дуњи и додадов само прстофат цимет. Затоа едното е потемно, а другото колаче е пожолто. И двете беа одлични носејќи го секоја својот вкус и сочност. Како предлог за избор на мармалад за овој кекс исто така е популарен и мармаладот од кајсии, а јас следен пат би го пробала со мармалад од портокал.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови