Сос со пилешко и брокула
Месото се вари во тенџере се додека не се свари убаво. Откако ќе се свари се става во тавче и се пропржува на зејтин или путер со сол и зачини по избор. Целта е месото да добие румена боја, но не дозволувајте да ја изгуби својата мекост.
Откако месото е готово, се сечка најпрвин кромидот и се става во тава да се пржи на зејтин. Се додава исечкан лукот и печурките. Се пржи се заедно додека убаво да заруменат. Се додава брокулата исечкана на мали парченца по желба, се пржи одново се заедно. Се додава 1 лажичка сенф и кари зачинот, како и сол по желба. Се пржи убаво се заедно за на крај да се додаде 1 голема лажица брашно. Откако ќе се пропржи и брашното, во смесата се додава чаша јогурт. Се меша убаво додека да се згусне јогуртот.
Се сервира месото со сосот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови