Сос од црвени домати
За нас омилен сос од домашни, не прскани домати.
Во зимскиот период може да се користи како самостоен лесен оброк, во лазањи, канелони, пасти, грниња........
Најпрво измиените домати се лупат.
Се сечат на парчиња и се ставаат во едно тенџере.
Се ставаат на оган на тивко да крчкаат.
Повремено се промешуваат.
Од прилика треба околу 1 час крчкање на тивко (но сепак ќе речам се во зависност од густината која сакате да ја постигнете, јас сакам погуст сос)
Кога е до половина згуснат сосот се додаваат исецканите лути феферони и наренданиот корен од целер.
Се додаваат зачините.
Пред самиот крај се додава исецкан магдонос и маслиново масло.
Убаво се промешува.
Жешкиот сос се збира во жешки тегли.
Нека се изладат и правец на рафт за зимница.
Лиценца: Сите права се задржани
Не ни треба на нас апетит, само нешто правиме и само да се јадело, а пак вака со луте, нема престан:):):)