Солен ролат со куркума
Личен, вкусен, солен ролат
Прво се матат јајцата со солта. Се исклучува миксерот и се додаваат јогуртот, маслото, куркумата, пецивото, брашното.
Лесно се промешува со лажица, убаво да се соедини и се истура смесата во ростер тава за печење. Се печи околу 20 минути на 190 степени.
За тоа време се подготвува филот.
Во сад се соединуваат урдата, павлаката, мајонезот, сецканата шунка.
Испеченото тесто се лади и се премачкува со подготвениот фил.
Врз филот се редат грисините со вкус на кикирики.
Опаковката некако помала ми беше и не успеав да наредам до крај. Значи совет купете поголема опаковка грисини.
Се завиткува во ролат, цврсто, се става во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер 2 часа.
Потоа се премачкува со кисела павлака, се ренда кашкавал и се сече на парчиња.
Од оваа доза излегуваат 16 убави парчиња, со дебелина одприлика од 15 см.
Лиценца: Сите права се задржани
Zdravje za narednata sredba ke ima, hahah
Ставив обични соленки, и изрендав пилешка салама, тестото погодено ептен, благодарам за рецептот :)
Тоа на сликата е мус од паштета, ќе го напишам рецептот :)