Солен ролат со куркума
Состојки
- тесто
- 3 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 200мл јогурт
- 50мл масло
- 6 лажици брашно
- 1 лажиче пециво
- 1лажиче куркума во прав
- фил
- 200гр урда
- 150гр кисела павлака
- 1 лажица мајонез
- 130гр сецкана свинска шунка
- 1 кесе грисини со вкус на кикирики
- 100гр кисела павлака за одозгора и 50 гр рендан кашкавал
Подготовка
Личен, вкусен, солен ролат
Прво се матат јајцата со солта. Се исклучува миксерот и се додаваат јогуртот, маслото, куркумата, пецивото, брашното.
Лесно се промешува со лажица, убаво да се соедини и се истура смесата во ростер тава за печење. Се печи околу 20 минути на 190 степени.
За тоа време се подготвува филот.
Во сад се соединуваат урдата, павлаката, мајонезот, сецканата шунка.
Испеченото тесто се лади и се премачкува со подготвениот фил.
Врз филот се редат грисините со вкус на кикирики.
Опаковката некако помала ми беше и не успеав да наредам до крај. Значи совет купете поголема опаковка грисини.
Се завиткува во ролат, цврсто, се става во алуминиумска фолија и се остава во фрижидер 2 часа.
Потоа се премачкува со кисела павлака, се ренда кашкавал и се сече на парчиња.
Од оваа доза излегуваат 16 убави парчиња, со дебелина одприлика од 15 см.