Предлог за свечан солен ролат, кој ќе ја збогати празничната трпеза.

Прво исчистениот спанаќ го ставаме во малку врела вода, да омекни или го бланшираме само неколку секунди.
Го процедуваме и оставаме да се подизлади.
Потоа во нутрибулет, во садот го ставаме маслото и исцедениот спанаќ.
Кратко соединуваме, односно ќе добиеме убава мазна смеса,
Оставаме настрана.
Во вангличка ги ставамаме јајцата и додаваме сол.
Матиме се додека не побелат.
Со исклучен миксер ги додаваме јогуртот, биберот, измиксаната смеса, брашното и пецивото.
Со лесни движења со шпатула убаво ја изедначуваме смесата.
Ја истураме во правоаголен плех од рерната кој е обложен со хартија за печење.
Печиме во загреана рерна на 200 с околу 25 минути.
Оставаме во плехот 5 минути, а потоа го вадиме и ја одстрануваме хартијата.
Во еден сад ги соединуваме киселата павлака, сецканата шунка, малку сол, бибер, сенф.
Со ова ја премачкуваме кората.
На почетокот ставаме 4 виршлички и завиткуваме цврсто ролат.
Го оставаме на ладно 2 часа.
Потоа го премачкуваме со кисела павлака, рендаме кашкавал.
Декорираме со шери домати.
Сечеме парчиња и сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани