Солени штрудли со фил од спанаќ и урда
Денешниот појадок.
Меки солени штрудлички.
Јас ги правев на 2 места , да добијам помали, а може од цело тесто да се направи и една голема штрудла.
Во топлото млеко се ставаат квасецот, шеќерот и малку брашно.
Нека се активира квасецот. за тоа време се спојуваат една жолчка и путерот
Во втасаниот квасец се додаваат течните состојки, па постепено, сол, брашно.
Се замесува средно тесто.
Се покрива и нека кисни 30 минути.
За тоа време се спрема филот.
Во тенџере се налива вода и се става на оган да зоврие.
Потоа го додаваме измиениот и исчистен спанаќ.
После една минута го вадиме, го миеме со студена вода за да го спречиме процесот на бланширање и го ставаме во цедалка.
Нека се излади убаво, па го цедиме со рацете( треба да биде сув, за да не го разглекави тестото) ја додаваме урдарта, зачините, белката.
Сега тестото го делиме на 4 топки.
Од секоја сучиме правоаголна кора.
Ставаме на 2 места по 2 кори.
Двете кори ги премачкуваме со изматената жолчка и ги поклопуваме со уште по едната кора.
Сега од првото купче сучиме долга кора , правоаголна , ставаме фил и завиткуваме ролат до половина на кората, па од другата страна исто.
Значи на средина на кората да ни се спојат ролатчињата.
Ги редиме во плех, киснат 20 минути, ги премачкуваме со малку белка или жолка и ги печиме 30 минути на 180 степени
Лиценца: Сите права се задржани