22
јул
2022
Солени полумесечинки
Убави, вкусни и лесни за подготовка.
1. Во вангла ставете ги сите состојки и замесете ги. Не треба многу месење, само колку да се сврзат состојките во топка.
2. На набрашнета површина ставете го тестото и расучете го со дебелина од 1 цм. Со помала чаша сечете форми во вид на полумесечина.
3. Наредете ги на плех со хартија и премачкајте ги со јајце. Обилно наросете ги со сусам.
4. Печете на 180 степени 15-20 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови