1. Јајцата се матат со миксер. Се додаваат двата вида на брашно, маслото, киселата вода и пецивото. Се мати со миксер. Се додава изварката посолена во смесата и сега се меша со лажица полека. Се полнат во хартиени корпиња и се пече на 250степени -25мин.

2. Се филуваат со ѕаѕики сос. Се меша павлаката заедно со ренданата краставичка и ренданиот лук. Се додава малку сол и сув магданос и буковска пипер и се декорираат солените мафини.
Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани